Close

Правила и Услови за испорака

Правила и Услови за Испорака

Кога корисник сака да направи нарачка, најпрво ние ќе побараме да се регистрира или да се најави со цел нарачката да се изврши посигурно и побрзо. Потоа, ние ќе Ве прашаме на која адреса сакате да се изврши нарачката. Доколку сте веќе постоечки корисник на Риверсофт кој има внесено свои лични податоци на својот профил, имате опција едноставно да ја изберете Вашата внесена адреса. Кога ќе завршете со избирање на адреса за достава, стигнувате до последниот чекор од правење нарачка, а тоа е избирање начин на плаќање. Со цел да одговориме на барањата на секој наш клиент, ние Ви овозможуваме 3 различни видови на плаќање:

  • Во готово при испорака

  • На фактура

  • Со картична (онлајн)

При предавање на производите, купувачот или трето лице (лице кое живее на наведената адреса во порачката) е потребно да ја потпишат испратницата, како и другите пропратни документи. При примањето на производот, Вие сте должни да го проверете производот за евентуално оштетување при транспорт и да проверете дали производот е ист како што е опишан на нашата продавница. Во случај да откриете оштетување или увидете дека производот не одговара на описот на нашата продавница, Вие сте должни веднаш да пријавите рекламација.

Пред испорака на Вашиот производ, ние ќе ве контактираме за денот и часот на испораката. Времето на испорака во Струмица и Струмичко изнесува 24 часа од моментот на правењето на нарачката, а времето на испорака во други градови низ Македонија изнесува 24-48 часа. Доколку нарачката е направена после 17 часот, периодот за испорака започнува да тече со почетокот на следниот работен ден. Доколку нарачката е направена на неработен ден, периодот за испорака почнува да тече од следниот работен ден.

Важно!

Доколку Вашата испорака доцни, Риверсофт не сноси одговност доколку доцнењето е предизвикано од страна на ангажираната компнија за извршување на испораката. Доколку Вие не сте дома или не сте достапни за доставување на Вашата порачка во договорениот термин за кој ние Ве имаме навремено исконтактирано, Риверсофт се ослободува од обврската да ја изврши Вашата порачка.


Close