Close

За нас

Нашата компанија

Ривер Софт е бренд кој во Струмица постои повеќе од 10 години. Првата продавница на Ривер Софт во Струмица е отворена во 2006 година, Ноември, и во тоа време компанијата се занимаваше само со продажба и сервис на компјутери, аудио и видео опрема и телевизори. Како Ривер Софт растеше, растеше и бројот на дејности во кои ние нудевме производи и услуги, како што се: смартфони, таблети, фото апарати и камери, системи за безбедност, видео надзор, производство на тонери, аларм системи, противпожарни системи, контрола на пристап, видеофонија/домофонија, системи за евиденција на работно време, гаражни рампи за влез, канцелариски материјали и многу други.

Во 2015, со цел да им овозможиме поголем пристап до нашите производи на нашите клиенти, Ривер Софт се прошири со уште еден салон за компјутери, аудио/видео и телевизори. Во 2016, отворивме и салон за бела техника каде што ја нудиме целата наша палета на бела техника: опрема за климатизација, сплит и инвертер клими, опрема за ладење и греење, сончеви колектори, фрижидери, замрзнувачи, машини за перење, машини за сушење, аспиратори, бојлери, шпорети, микробранови печки, итн. Подоцна во 2016, Ривер Софт стана генерален застапник на најдобриот светски софтвер за ресторанти и хотели „R-Keeper” и “Shelter”, софтвер кој во моментот го користат околѕ 30 клиенти во Македонија.

Од истата година па натаму, Ривер Софт го нуди софтверот „Налотека“, систем за електронско трезорско плакање кој е користен од 40 институции во државата. Денес Ривер Софт брои тим од 21 вработен кои професионално делуваат во горенаведените сектори, како и вработени кои поседуваат најразлични вештини од ИТ областа и се грижат за нашата Интернет присутност. Со искусен и мотивиран тим од вработени и широк асортиман на најразлични производи и услуги, нашата цел е да изградиме бренд кој ќе биде препознатлив по професионалност, ефикасност и лесна достапност.

Нашата мисија за во иднина е Ривер Софт не само да стане водечки бренд во Струмица, туку едно од водечките имиња на територијата на Р. Македонија. Тоа значи дека ние ќе продолжиме да даваме се’ од себе со крајна цел да ги задоволиме потребите на сите клиенти и ќе останеме посветени на постојано усовршување во сите сегменти на нашата работа, како и постојано зголемување на нашиот асортиман.

Еден од најважните чекори за достигнување на нашата цел е проширување на нашата присутност надвор од нашите 2 салони – на Интернет просторите. Почнувајќи од Јули, 2017, Ривер Софт е присутен и на полето на онлајн пазарувањето со цел да прерасне во најбаран бренд на онлајн-просторите.


Close